Култура Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“ во Скопје

Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“ во Скопје

Во летниот Научен центар на МАНУ, Куќата на Уранија во Охрид, денеска се одржува вториот Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“.

Годинашна тема е „Правото меѓу политиката и етиката“, а го организираат Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите, Филозофското друштво на Македонија и Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Учествуваат повеќе реномирани излагачи од Полска, Србија, Бугарија и од Македонија, а официјани јазици се македонскиот и англискиот.