Подглавна секција Меѓународниот суд на правдата нареди прекин на геноцидот во Газа

Меѓународниот суд на правдата нареди прекин на геноцидот во Газа

Судиите на МСП ги оценија фактите и законот, тие пресудија во корист на човештвото и меѓународното право, изјави Ријад ал-Малики, палестинскиот министер за надворешни работи во телевизиски говор

Photo by CHUTTERSNAP on Unsplash

Меѓународниот суд на правдата (МСП) му нареди на Израел да го прекине геноцидот во Газа, при што судијката Доногју рече дека Израел мора да ги „преземе сите мерки во своја моќ“ за спречување дејствија во рамките на Конвенцијата за геноцид, соопшти Гардијан.

Таа додаде и дека мора да се преземат итни мерки за подобрување на хуманитарната ситуација во Газа, а Израел ќе мора да поднесе извештај до судот во рок од еден месец во однос на тоа што презема за да ја поддржи наредбата.

Дополнително, палестинското Министерство за надворешни работи во врска со одлуката изјави дека е важен потсетник за тоа дека никоја држава не е над законот.

„Судиите на МСП ги оценија фактите и законот, тие пресудија во корист на човештвото и меѓународното право“, изјави Ријад ал-Малики, палестинскиот министер за надворешни работи во телевизиски говор.

Иако судот не нареди прекин на огнот, сепак велат дека нема да се отфрли случајот за геноцид, пресудувајќи дека Палестинците се заштитена група според Конвенцијата за геноцид од 1948 година.