Свет Свет Медведев итно евакуиран поради пожар во Москва

Медведев итно евакуиран поради пожар во Москва

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, и другите учесници на форумот во рускиот Научно-истражувачки центар се евакуирани откако е забележан чад во зградата.

Во Научно-истражувачкиот центар „Сколково“ во Москва се активирале противпожарните аларми, по што учесниците на форумот се извлечени од зградата.

Како што пренесува „Раша тудеј“, учесниците на собирот, меѓу кои бил и премиерот Дмитриј Медведев, се замолени од безбедносни причини да ја напуштат зградата.

Пожарот избил на вториот кат и веднаш бил згаснат, пренесуваат руските медиуми.

Очевидци велат дека пожарот, најверојатно, бил последица на краток спој, кој бил проследен со бучава и со блесок.