Здравје Меџити: Клиничкиот центар ќе има еден генерален директор

Меџити: Клиничкиот центар ќе има еден генерален директор

Целта е пациентите да добиваат подобра здравствена услуга, а и здравствените работници да функционираат полесно, рече министерот

Фото: Мета.мк

Фатмир Меџити, министерот за здравство очекува од јануари идната година да функционира еден Клинички центар, со еден генерален директор. Тој во изјава за медиумите потврди дека ова би значело дека ќе се укинат организациските, односно економските директори кои сега се назначени на клиниките.

„Еднаш засекогаш сакам да се постават работите како што треба на Клинички, за да функционира многу полесно, поадекватно и поефективно. После новата година се очекува да почне да функционира еден Клинички центар со генерален директор, или, како ќе бидат модалитетите за тоа ќе се договориме. Целта е пациентите да добиваат подобра здравствена услуга, а и здравствените работници да функционираат полесно“, рече Меџити.