Подглавна секција Медиумите пишуваат за критична состојба на Ким Џонг Ун, Сеул вели дека...

Медиумите пишуваат за критична состојба на Ким Џонг Ун, Сеул вели дека нема сигнали за такво нешто

Додека вчера и утрово голем број медиуми во светот пишуваа дека 36-годишниот севернокорејски лидер Ким Џонг Ун е со критична состојба по операција на срцето, официјален Сеул, престолнината на Јужна Кореја, порача оти не се забележани сериозни сигнали дека е навистина така, пишува Би-би-си.

Ова не е првпат во светот да се пишува за здравствени проблеми на севернокорејскиот лидер, кој е третата генерација на највисоката позиција во земјата, но Ким Џонг Ун за прв пат не се појави на прославата на годишнината од раѓањето на неговиот дедо Ким Ил Сунг, основачот на Северна Кореја, а изгледа многу неверојатно едноставно да не сакал да се појави, пишува Би-би-си.

Последното појавување на актуелниот лидер било на 12 април, кога вршел смотра на ловечка ескадрила, барем според официјално соопштение.