Свет Европа Маж со мачета рани три лица во лондонското метро

Маж со мачета рани три лица во лондонското метро

Три лица се повредени изминатата вечер во напад на маж вооружен со мачета во лондонското метро, а полицијата инцидентот го третира како терористички акт.

Како што известуваат британските медиуми, инцидентот се одвивал на постојката на лондонската подземна железница Лејтонстон.

Според очевидци, напаѓачот извикувал „Ова е за Сирија“. Припадниците на полицијата кои брзо интервенирала, го совладале напаѓачот.

Скотланд јард соопшти дека лондонската полиција го квалификува нападот како тероризам.

Мерките за безбедност во Велика Британија беа засилени веднаш по нападите во Париз.