Свет Балкан Маж пред српската влада се заканувал дека ќе се разнесе со бомба

Маж пред српската влада се заканувал дека ќе се разнесе со бомба

Српската полиција рано утринава уапсила 39-годишен маж кој пред зградата на владата на Србија се заканувал дека ќе активира две рачни бомби.

Драмата во центарот на Белград траела околу три саати, а сообраќајот целосно бил прекинат.

Станува збор за Мирослав Станковски од Белград кој и претходно и бил познат на полицијата. Во неговото досие има повеќе кривични пријави поради разбојништво и кражби. Тој наводно барал да разговара со инспекторот кој работел на еден од неговите случаи.

Во Белград во четвртокот вечер од возило во движење убиен е лидерот на навивачката група на фудбалскиот клуб „Партизан“, Александар Станковиќ, а ранет е затворски чувар по што министерот за полиција Небојша Стефановиќ најави жестока пресметка со мафијата. Премиерот Александар Вучиќ рече дека „сите кои мислат да убиваат по Србија, ќе ја почувствуваат жестоката тупаница на државата“.