Свет Европа Мартин Шулц е избран за нов претседател на германските социјалдемократи

Мартин Шулц е избран за нов претседател на германските социјалдемократи

Германската социјалдемократска партија (СПД) денеска одржа конвенција на која за нов претседател на партијата едногласно е избран поранешниот претседател на Европскиот парламент и актуелен кандидат за германски канцелар, Мартин Шулц, пренесува ХРТ.

Новиот претседател на СПД е сè поголема закана за Ангела Меркел, која сè до неодамна имаше отворен пат до нов мандат, но последните анкети покажуваат дека таа и Шулц се изедначени.

Шулц не ги крие своите амбиции да стане канцелар и да ја направи СПД најголема политичка сила во земјата.

Парламентарните избори во Германија се закажани наесен.