Свет Европа Марија Габриел е првиот еврокомесар позитивен на ковид-19

Марија Габриел е првиот еврокомесар позитивен на ковид-19

Еврокомесарката за иновации, истражувања, култура, образование и млади, Марија Габриел, соопшти преку својот Твитер-профил дека е позитивна на корона вирусот. Таа со тоа е првиот еврокомесар од кабинетот на Урсула фон дер Лајен кај кој е утврден корона вирусот, иако неколку еврокомесари беа или се во самоизолација, пишува „Политико“.

По првиот негативен тест на ковид-19 во понеделникот, мојот втор тест е позитивен. Јас сум во самоизолација од понеделникот и ќе останам дома и понатаму, според утврдената регулатива. Чувајте го здравјето и држете се безбеднo! – напиша Габриел на Твитер.