Економија Манчев: Струјата произведена на мазут би била поскапа од увезената

Манчев: Струјата произведена на мазут би била поскапа од увезената

„Неуките експерти на СДСМ целосно промашуваат кога станува збор за вклучувањето на ТЕЦ Неготино. Вистината е дека според цената на мазутот, струјата произведена на мазут би била многу поскапа од увезената, која е купена на берза“, изјави на прес-конференција Ванковер Манчев од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на изјавата на Митко Андреевски од СДСМ за цената на увезената струја.

Според Манчев, „безобразно е СДСМ да критикува за ТЕЦ Осломеј, кога токму во нивно време, таа термоелектрана беше оставена без грам јаглен и без каква било можност за ископ на потребните ресурси“.

– За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ континуирано работи на подобрување на енергетската слика на Македонија, а така и ќе продолжи во иднина, со реализирање на бројните мерки и проекти предвидени со досега најобемната програма „Реално“ – додаде Манчев.