Економија Мало зголемување на цените на становите

Мало зголемување на цените на становите

Индексот на цените на становите во четвртиот квартал од 2015 година забележа зголемување на годишна основа од 0,9 отсто (наспроти годишниот пад од 3,5 проценти во третиот квартал), покажуваат податоците на Народна банка.

– По изразено надолниот тренд во претходните години, во просек за 2015 година, цените на становите се релативно стабилни, задржувајќи се на нивото од 2014 година. Во поглед на состојбата на понудата и на побарувачката на недвижности, показателите не упатуваат на позначителни промени. Имено, кај изградбата на станбени згради и понатаму се забележува зголемување (годишен пораст на изградбата на станбени згради во првите девет месеци од годината за речиси 17 проценти), а слична динамика покажуваат и податоците за одобренијата за високоградба. Во поглед на побарувачката на станови, постојаниот солиден пораст на станбените кредити продолжи и во четвртиот квартал на 2015 година, што упатува на понатамошно зајакнување на побарувачката – соопштуваат од НБРМ.