Свет Мали: Ослободени 80 заложници од хотелот во Бамако

Мали: Ослободени 80 заложници од хотелот во Бамако

Вооружените напаѓачи ослободија 80 лица од хотелот „Радисон блу“ во Бaмако, каде од утринава држат 170 лица како заложници, јавуваат државните медиуми на Мали.

– Напаѓачите сè уште се внатре. Повремено се слушаат истрели – изјави еден очевидец.

Припадниците на безбедносните сили на Мали упаднале во хотелот, каде се убиени тројца од заложниците.

Во меѓувреме, турските власти соопштија дека тројца од седум членови на екипажот на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ побегнале од хотелот.