Економија Мал пад на цената на квадратен метар станбена површина

Мал пад на цената на квадратен метар станбена површина

Просечната цена на еден квадратен метар станбена површина во 2015 изнесуваше 46.085 денари, што е за 0,9 отсто помалку во однос на претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во Скопје, просечната цена на еден квадратен метар изнесуваше 52.916 денари што е за 1,8 отсто помалку во споредба со 2014 година.

Во другите населени места во земјава таа изнесуваше 33.243 денари, што е за 0,8 отсто помалку во споредба со 2014 година.

Што се однесува до просечната цена на еден квадратен метар во второто полугодие од 2015 година, таа е намалена за 2,7 проценти во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 1,5 отсто.

Наведените просечни цени на еден квадратен метар станбена површина се без данок на додадена вредност.