Дописници Македонците во Албанија со советнички листи во 16 општини на локалните избори

Македонците во Албанија со советнички листи во 16 општини на локалните избори

Владеачката коалиција „Алијанса за европска Албанија“, изминатиов викенд во Тирана ги претстави кандидатите за градоначалници за 61 општина.

Партијата на етничките Македонци во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, како дел од ова коалиција, се престави со кандидатот за градоначалник за Општина Пустец, Едмонд Темелко.

Темелко и досега ја извршуваше функцијата градоначалник на единствената општина на Македонците во Република Албанија.

Освен во Пустец, Македонска алијанса за европска интеграција на овие локални избори излегува со советнички листи во 16 општини во Албанија.