Економија Македонците со најниска плата на Балканот

Македонците со најниска плата на Балканот

Според Заводот за статистика на Словенија, просечната плата во оваа земја во мај изнесувала 1.008 евра, што е значително повеќе споредено со другите земји во регионот, пренесуваат црногорските медиуми.

Според последните податоци од нашиот Државен завод за статистика, просечната плата во Македонија изнесува 350 евра и со ова сме во редот на држави што имаат најниски примања на Балканот, заедно со Србија, каде просечната плата изнесува 355 евра.

Просечната плата на Хрватите изнесува 749 евра, а по нив се граѓаните на Црна Гора со 481 евро и на Босна и Херцеговина со 424 евра.