Македонија Македонското и холандското министерство за финансии потпишаа договор за соработка

Македонското и холандското министерство за финансии потпишаа договор за соработка

Министерството за финансии на Македонија и Министерството за финансии на Холандија потпишаа договор за меѓусебна соработка. Договорот го потпишаа министерот за финансии на Македонија, Драган Тевдовски, и министерот за финансии на Холандија, Хероен Дајслблум.

„Со овој договор двете министерства ќе ја прошират соработката преку размена на знаења, искуства и на информации за политиките кои се спроведуваат. Со договорот се предвидуваат програми за обуки, студиски престои, работилници и сл. Освен соработка преку пренесување искуства, Холандија преку договорот ќе обезбеди и финансиска поддршка за обуки и за други трошоци“, информираат од Министерството за финансии.

И двете страни ги истакнаа блиските билатерални односи помеѓу Македонија и Холандија, како и потребата од развој на соработката и на техничко ниво помеѓу министерствата за финансии.