Дописници Македонските пчелари ќе се соберат на „Саем на медот” во Струга

Македонските пчелари ќе се соберат на „Саем на медот” во Струга

Претстојниот викенд, на Плоштадот на револуцијата во Струга, ќе се одржи „Саем на медот”, манифестација организирана од Здружението на пчелари „Матица“ од Струга, а помогната од Мрежата за рурален развој од Македонија и градоначалникот на Општина Струга.

„Саемот на медот” во Струга ќе биде отворен во сабота, со пригодни обраќања на градоначалникот на Општина Струга, Зијадин Села, и директорот на Мрежата за рурален развој, Петар Ѓоргиевски.

На „Саемот на медот” со свои производи  учество ќе земат пчелари од Скопје, Штип, Радовиш, Кочани, Битола, Прилеп, Охрид, Дебар и Струга.

„Саемот на медот” во Струга се организира за прв пат, а целта е да се промовираат пчеларските производи и да се иницира поголема застапеност на оваа стопанска дејност во Македонија каде има одлични услови за оваа дејност.

Тенденција на организаторите е „Саемот на медот” во Струга да стане традиционален.