Економија Македонски млечни производи ќе се извезуваат на рускиот пазар од овој месец

Македонски млечни производи ќе се извезуваат на рускиот пазар од овој месец

Македонија ќе почне да извезува млечни и месни производи на рускиот пазар од овој месец.

Меморандум помеѓу македонските Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за храна и ветеринарство и Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација, беше потшишан на 4 јуни 2015 година.

Со него се предвидуваше исполнување на барањата да се реализира извозот, како и создавање на заштитни механизми за злоупотребите со увоз на земјоделски производи во Русија со лажни македонски сертификати.