Спорт Македонски тенисери на турнир во Белград

Македонски тенисери на турнир во Белград

Во периодот од 5 до 9 јануари 2015 година, ќе се одржи јуниорскиот меѓународен турнир „Белград опен 2015“ во Србија, каде свои натпреварувачи ќе има и нашата земја, пренесе „Тип.ком.мк“.

За Македонија во машка конкуренција ќе настапат Бојан Јанкуловски (учесник на главниот турнир), додека за учество на главното натпреварување квалификациите ќе мора да ги поминат Томислав Андреевски, Елведин Пепиќ, Андреј Андреевски и Драган Думевски.

Во женска конкуренција, пак, во квалификациите ќе играат Марија Еленова и Теона Велкоска. Освен Македонија и домаќинот Србија, свои претставници на овој турнир ќе имаат уште Австралија, Романија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Русија, Унгарија, Холандија, Јапонија, Романија, Израел, Бугарија, Грција, Германија, Италија, САД, Словенија, Швајцарија, Шпанија, Канада и Австрија.