Економија „Македонски телеком“ со најголем број корисници во фиксниот сегмент

„Македонски телеком“ со најголем број корисници во фиксниот сегмент

„Македонски телеком“ ја одржа водечката позиција на пазарот на фиксни говорни услуги со 61,2 отсто, според интерна процена, односно 221.000 корисници на крајот од првите три месеци од 2016 година, соопшти компанијата преку Македонска берза.

– Приходите од говорни услуги во првите три месеци од 2016 година во фиксниот сегмент се намалија за 8,5 отсто во споредба со истиот период од претходната година поради намалениот број на корисници на фиксна телефонија и намален појдовен сообраќај за 20,2 отсто, како и помали приходи поради помал обем на дојдовен меѓународен сообраќај – соопштија од компанијата.