Економија Македонски компании на саем во Амстердам

Македонски компании на саем во Амстердам

Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија активно ќе учествува на годинешниот саем „Прајват лејбл мануфактурерс асосиејшн“ – ПЛМА (Private label manufacturers association) во Амстердам, како организатор на македонскиот павилјон, кој првпат се поставува на овој саем.

На македонскиот павилјон во Амстердам ќе се претстават компаниите: „Макпрогрес“, „Рудине“, „Виталија“, „Конимекс“, „Магрони“, „Мултихем“ и „Хина“.

Саемот ќе се одржи на 19 и на 20 мај годинава, а македонскиот штанд ќе биде лоциран во халата осум на центарот РАИ во Амстердам.

„Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје го организираше македонскиот павилјон во соработка со Холандско–македонската стопанска комора во Македонија. Амбасадата ја обезбеди потребната логистичка и организациска поддршка, додека средствата за учество на македонските компании се обезбедени од холандската државна агенција – РВО. За зголемување на билатералната соработка и на трговската размена меѓу Холандија и Македонија, Амбасадата ќе ги запознае заинтересираните холандски компании со условите за соработка со Македонија“, велат од Амбасадата.