Економија Македонски и белгиски компании ќе соработуваат во повеќе сектори

Македонски и белгиски компании ќе соработуваат во повеќе сектори

Македонски и белгиски компании од секторите градежништво, текстил и земјоделство разменија информации за соработка на денешниот бизнис-форум, што се одржа во Холидеј Ин.

– Добар аргумент да инвестирате е да имате евтина работна сила и потребни квалификации за да можете да ја завршите работата и да го подобрите вашиот бизнис. Мора да сте најдобри и најевтини. Дополнителен фактор е добрата бизнис клима, ниските даноци и слободните зони. Политичката клима е важна, но политиката мора да му помогне на бизнисот да се развива – истакна претседателот на Федерацијата на белгиски комори, Џон Ступ.

Министерот за финансии Зоран Ставрески истакна дека и покрај политички турбулентни времиња, фокусот треба да остане на економијата.

Минатата година трговската размена меѓу Македонија и Белгија изнесуваше 197 милиони евра.