Македонија Македонски автобус се запали во Грција, нема повредени патници

Македонски автобус се запали во Грција, нема повредени патници

Автобус на една македонска туристичка агенција утринава се запали во Грција на пат кон Халкидики, но нема повредени.

Како што јавуваат грчките медиуми, патниците успеале безбедно да се извлечат од автобусот пред возилото целосно да изгори.

Петнаесет пожарникари го гаснеле пожарот, за кој засега не се знае од која причина избил.