Свет Европа Македонија за ЕУ ќе биде ПЈРМ се додека целосно не се спроведе...

Македонија за ЕУ ќе биде ПЈРМ се додека целосно не се спроведе Договорот со Грција

Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич, прецизираше дека сѐ додека не е целосно имплементиран договорот постигнат помеѓу Грција и Македонија за спорот со името, Европската Унија ќе продолжи да ја нарекува земјата според привременото име.

– Договорот е постигнат, но остануваат одреден број чекори кои треба да се преземат за да биде комплетиран, за официјална комуникација ќе продолжиме да ја нарекуваме Поранешна југословенска Република Македонија, како што е случај во нашите соопштенија досега – изјави Коцијанчич.