fbpx

Предлогот за нов технички министер за внатрешни работи, ВМРО-ДПМНЕ ќе го соопшти попладне

-

И покрај тоа што се очекуваше, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција да го соопшти името на новиот кандидат за технички министер за внатрешни работи, тој тоа го остави за во текот на денот.

Најпрво, како што рече Мицкоски, телефонски ќе се консултира со Заев и Ахмети.

– Чекам на последните консултации со Заев, уште еднаш да поразагораваме и да се консултираме – рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ накусо додаде дека станува збор за професионалец, за кого, можеби СДСМ повторно ќе имаат забелешки.

Првиот предлог, полковникот Драган Ковачки да биде технички министер за внатрешни работи, власта го отфрли како противуставен, бидејќи Уставот не дозволува униформирано лице да управува со цивилен сектор.

„Отпорот на Заев кон кандидатот што го предлагаме е неправда, како за сaмата личност, но и за професионализмот на многу како него. Но, најголема неправда би била оваа власт да избега од избори и Заев да потрае во политиката заедно со Шекеринска и Оливер Спасовски ден повеќе. А битката за професионализмот ќе биде драстична и голема на првиот ден веднаш по 12 април“, рече Мицкоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...