Економија Македонија на мапата за алтернативен туризам на француски тур-оператор

Македонија на мапата за алтернативен туризам на француски тур-оператор

Агенцијата за промоција и поддршка на туризам организираше тридневна инфо-тура за францускиот туристички оператор „Војагер отремент“ (Voyager Autrement), кој на годишно ниво испраќа повеќе од 15.000 туристи насекаде во светот.

Македонија е вклучена во нивната програма за алтернативен туризам, како нова и неоткриена дестинација.

Туристичката понуда на Скопје и на Охрид и нивното историско и културно наследство биле највпечатливи, а особено интересен беше манастирскиот туризам.