Свет Балкан Македонија, кодомаќин на средба со потпретседателот на САД

Македонија, кодомаќин на средба со потпретседателот на САД

Македонија ќе биде кодомаќин на средбата на потпретседателот на САД, Мајк Пенс, со земјите членки на Јадранска повелба, која ќе се одржи на  2 август во Подгорица.

Република Македонија која е претседавач на Јадранската повелба оваа година, заедно со Црна Гора е кодомаќин.

Во Јадранската повелба членуваат Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а Србија, Косово и Словенија имаат статус на земји набљудувачи во групата. Јадранската повелба е формирана под покровителство на САД во 2003 година и има цел да ги координира активностите за поддршка на земјите аспиранти за членство во НАТО.