Економија Македонија ќе добие јапонски грант за справување со мигрантската криза

Македонија ќе добие јапонски грант за справување со мигрантската криза

Јапонија ќе ѝ даде грант на Македонија во вредност од 302.020 евра, а ќе се финансират пет проекти за помош во справувањето со мигрантската криза и за санирање на штетите од минатогодишните поплави.

Предвидени се и 65.714 евра помош во управувањето со отпадот во Табановце, каде што е сместен транзитниот камп за бегалци кои ја минуват границата кон Србија.

Грантот од 302.020 евра е одобрен преку програмата „Грант помош за поддршка на мали проекти“, основана од Владата на Јапонија.

Со оваа програма на владата на Јапонија, од 1996 година досега се спроведени повеќе од 100 проекти во вредност од шест милиони евра.