Економија Македонија и Грција ќе ја олеснуваат трговијата со струја

Македонија и Грција ќе ја олеснуваат трговијата со струја

Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) и грчкиот електропреносен систем-опратор (АДМИЕ) ќе работат на опциите за да ги зголемат прекуграничните капацитети за пренос на електрична енергија, со што, ќе ја олеснат трговијата со електрична енергија и ќе ја зголемат сигурноста во работењето на соседните системи.

Ова го заклучија генералните директори на двете компании, Сашо Василевски и Манос Манусакис на официјална билатерална средба помеѓу двата систем-оператори одржана денеска во Атина, за прв пат од 2007 година.

„На средбата беше констатирано дека приоритет на двете земји е зголемување на далукуводните капацитети за пренос на електрична енергија. Заради тоа, во најскоро време ќе се формираат работни групи кои на техничко ниво ќе понудат решенија за зголемување на капацитетите, а ќе се избере најповолно решение за двата системи кое ќе биде одобрено од менаџментите на двете компании. Овој проект финансиски може да биде поддржан од двете земји или од фондови на Европската унија. На средбата беше договорено во текот на мај да се оствари уште една средба на највисоко ниво на која ќе се утврдат нови детали за подобрување на соработката меѓу систем-операторите на двете земји“, информираат од МЕПСО.