Македонија Македонија и Бугарија во следниот период ќе го интензивираат политичкиот дијалог на...

Македонија и Бугарија во следниот период ќе го интензивираат политичкиот дијалог на повеќе нивоа

Image by Jim Black from Pixabay

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи остварил телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, информираат од МНР.

„Двајцата министри се согласија за потребата од интензивирање на политичкиот дијалог на повеќе нивоа во претстојниот период. Османи ја потенцираше важноста која Северна Македонија ја придава на продлабочување на пријателските односи со соседна Бугарија, од заемен интерес за граѓаните на двете земји, за регионалната динамика на добрососедски односи и евроинтегративните процеси,“ се додава во соопштението на Министерството за надворешни работи.