Македонија Македонија од денеска во портокалова фаза, со температурa повисокa од 40 степени

Македонија од денеска во портокалова фаза, со температурa повисокa од 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 31 до 41 степен. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе достигне до 18 Целзиусови степени, а дневната до 40 степени.

УХМР најави дека Македонија од денеска и за време на викендот, ќе биде зафатена со висока температура и се наоѓа во портокалова фаза.

Министерството за здравство препорачува во следните три дена (од петок до недела) од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60-годишна возраст, додека сите други лица при појава на каков било здравствен проблем веднаш да се јават кај својот матичен лекар.