Економија „Македонија 2025“ организира форум во Стокхолм за соработка помеѓу компаниите

„Македонија 2025“ организира форум во Стокхолм за соработка помеѓу компаниите

Форум за претставување на можностите за соработка помеѓу Македонија и Шведска ќе се одржи на 13 и 14 јуни во Стокхолм. Форумот го организира платформата „Македонија 2025“ во соработка со Амбасадата на Македонија во Шведска и бизнис-регионот околу Стокхолм.

Овој настан е продолжение на иницијативата на „Македонија 2025“ за поврзување на македонски професионалци и експерти во различни сфери, кои живеат низ Европа, како и промовирање на потенцијалите за инвестиции и соработка во Македонија. Исто така, форумот е продолжение на самитот на „Македонија 2025“ лани, каде главните дискусии беа во областа на обновливите извори.

Фокусот на настанот во Стокхолм ќе бидат успесите во сферата на одржливиот развој на Стокхолм, технолошките достигнувања што се применуваат во Шведска во тој поглед, успешните примери на македонско-шведска деловна соработка и можностите за деловна соработка и инвестиции.

На форумот ќе настапат претставници и експерти од познати компании во Македонија и Шведска како и претставници од институциите на двете земји.