Македонија Македонец уапсен за нелегален риболов во голема Преспа

Македонец уапсен за нелегален риболов во голема Преспа

Грчката полиција уапси еден Македонец и четворица Албанци за нелегален риболов во Преспанското езеро од грчка страна.

Петтемина се на возраст од 32-38 години и биле уапсени од граничната полиција во Лерин. Полицијата ги запленила двата нивни моторни чамци во кои имало 100 килограми риба и опрема за риболов.

Уапсените ќе бидат изведени пред обвинител во Лерин. Според полицијата, уапсените нелегално ја преминале грчко-албанската граница преку езерото. Нелегалниот риболов во Преспанското езеро според информациите во Грција се случува многу често.