Технологија Гаџети „Мајкрософт“ постави нова најниска цена на таблет

„Мајкрософт“ постави нова најниска цена на таблет

Стратегијата на „Мајкрософт“ да се бори против таблетите со оперативен систем „андроид“, се чини дека почнува да ги покажува своите први знаци на успех затоа што произведувачите сега нудат модели по неверојатно ниски цени.

Таблет-моделот „MOMO7W“ поседува седуминчен екран со резолуција 1024 x 600 пиксели, работи на „виндоус 8.1“, чини 48 долари и не е произведен во Кина. Уредот доаѓа со процесор „интел атом беј треил“, има работна меморија од еден гигабајт, 16 гигабајти внатрешна меморија, излез ХДМИ и слот за СД-картичка.

Како и останатите таблети од пониска класа, и овој доаѓа со едногодишна претплата на софтверскиот пакет „Офис 365“. За 48 долари не може да се има некои преголеми очекувања, но „Мајкрософт“ достигна нова најниска цена на таблет.