Македонија Магла по котлините, сонце преку ден

Магла по котлините, сонце преку ден

Времето ќе биде стабиолно, без врнежи

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла и ниска облачност, која некаде ќе се задржи и претпладне. Во текот на денот ќе биде претежно сончево, со локална облачност и со слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен и североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од -1°C до 8°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 9°C односно до 17°C.

Во вечерните часови повртоно ќе има појава на магла.

 

Во Скопје, во утринските часови ќе има појава на магла и ниска облачност, која може да се задржи и претпладне, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи околу  5°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 14°C.

В среда, во утринските часови ќе има појава на магла и ниска облачност која понекаде ќе се задржи и претпладне. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од 2°C до 11°C, а максималната дневна температура – од 9°C до 17°C.