Подглавна секција Магазинот „Тајм“ ги прогласи Џо Бајден и Камала Харис за Личности на...

Магазинот „Тајм“ ги прогласи Џо Бајден и Камала Харис за Личности на годината

Фото: Wikimedia commons

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден и неговата прва соработничка Камала Харис се одбрани за личности на годината, признание што традиционално секоја година го доделува магазинот „Тајм“.

„Бидејќи тие ја менуваат американската приказна затоа што покажаа дека моќта на емпатијата е посилна од гневот и поделбата поради ширењето на визијата за заздравување во еден тажен свет, Џо Бајден и Камала Харис се избор на „Тајм“ на личности на годината“, напиша уредникот Едвард Фелсентал.

Минатата година личност на годината беше шведската активистка за животна средина, Грета Тунберг.