Свет Европа Мадрид го блокираше прогласувањето независност на Каталонија

Мадрид го блокираше прогласувањето независност на Каталонија

Уставниот суд на Шпанија на пленарна седница го блокираше прогласувањето на декларацијата за независност на Каталонија, јавува шпанскиот весник „Ел Мундо“.

Уставниот суд ги предупреди членовите на канцеларијата на постојаниот претставник на парламентот во Каталонија, меѓу кои и претседателката на парламентот на Каталонија, Кармен Форкадељ, да прекинат со иницијативи што вклучуваат спроведување на декларацијата, наведува весникот.

Освен до Форкадељ, предупредувањето е упатено и до поранешниот потпретседател на распуштениот парламент, Љуиза Гина, и до други каталонски претставници.