Свет Мачнина кај 11 лица откако било отворено писмо во воена база во...

Мачнина кај 11 лица откако било отворено писмо во воена база во САД

Вкупно 11 лица, меѓу кои и маринци, вчера почнале да чувствуваат мачнина откако било отворено писмо со непозната супстанцa. Инцидентот се случил во заедничката воена база „Мајер Хендерсон Хол“ во Арлингтон, САД, јавија американските медиуми.

Три лица биле префрлени во болница, но се во стабилна состојба. Другите што имаат симптоми добиваат лекарска помош во базата.

Откако писмото било отворено и биле пријавени проблемите, била евакуирана административната зграда во базата.

Воените сили на САД соработуваат со локалните тимови за справување со опасни материи и со ФБИ.