Економија Љупчо Георгиев е новиот генерален директор на „Мајкрософт“ за Македонија и Косово

Љупчо Георгиев е новиот генерален директор на „Мајкрософт“ за Македонија и Косово

Љупчо Георгиев е новиот генерален директор на „Мајкрософт“ за Македонија и Косово. Тој на 2 април ќе ја преземе позицијата од Стефан Плавјански, кој беше директор три години.

Георгиев има 19 годишно искуство во оваа област, а пред да му се придружи на тимот на „Мајкрософт“, Георгиев работел во „Густав Кејзер тренинг интернационал“ каде што работел како консултант, лидер за обука и тренер.

– Воодушевен сум од можноста да придонесам за успехот на компанијата и да направам силно влијание врз развојот на бизнисот и земјата – изјави Георгиев.