Uncategorized Луначек: Земјите од ЕУ што не го признале Косово, да го направат...

Луначек: Земјите од ЕУ што не го признале Косово, да го направат тоа

Европратеничката и известувачката на Европскиот парламент за Косово, Улрике Луначек, денеска побара визна либерализација за граѓаните на Косово и ги повика членките на ЕУ што не ја признале независноста на Косово за промена на политиката.

Луначек ги повика Шпанија, Словачка, Романија, Грција и Кипар да ја признаат независноста на Косово по примерот на другите членките на ЕУ, кои веќе го направиле тоа.

– Косово по седум години независност сè уште се чувствува дека не е добродојдена во ЕУ – рече Луначек, додавајќи дека „азилантскиот бран од Косово“ е последица на тоа што граѓаните се чувствуваат „затворени и изолирани“ бидејќи се единствените од Западен Балкан што не можат да патуваат без виза.