Свет Европа Лубиц вежбал како да го урне авионот на „Џерманвингс“

Лубиц вежбал како да го урне авионот на „Џерманвингс“

Андреас Лубиц, копилотот осомничен дека намерно го урна авионот на „Џерманвингс“ и така уби 150 лица, на претходниот лет вежбал како да урне авион.

Германскиот весник „Билд“, наведувајќи извор близок до француската агенција БЕА кој го истражува случајот, пишува дека Лубиц истиот ден кога се случила несреќата, вежбал како да урне авион, контролирано спуштајќи го без причина.

Лубиц страдал од тешка депресија, а при преглед на компјутерот во неговиот стан, утврдено е дека во пресрет на несреќата, на интернет пребарувал на кој начин може да изврши самоубиство, наведува агенцијата.