Свет Европа Лондон: Евакуирана метро-станицата Тутинг бродвеј

Лондон: Евакуирана метро-станицата Тутинг бродвеј

Полициските сили ја евакуирале лондонската метро-станица Тутинг бродвеј поради безбедносни причини, јавуваат светските медиуми.

Твитер-корисник вели дека станицата е затворена и има огромен број полициски претставници.

Од Метрополитен соопштија дека полицијата е присутна на станицата Тутинг бродвеј по дојава дека маж им се заканувал на луѓе во воз.

– Инцидентот е поврзан со маж, за кој се верува дека држејќи ножици им се заканувал на патниците – изјави портпаролот на полицијата Метрополитен.

По претресувањето на станицата, полицијата не успеала да пронајде лице со описот на напаѓачот, но и покрај тоа полициски службеници остануваат присутни во околината.


.