Македонија Лидерска средба в петок во Виена?

Лидерска средба в петок во Виена?

Меѓународната заедница за петок во Виена планира средба на лидерите на четирите најголеми партии од Македонија, дознава „Алсат – М“.

Поканата до партиите формално ја упатуваат тројцата европратеници вклучени во постигнувањето и во спроведувањето на Договорот од Пржино, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит.

Како што пренесува телевизијата, во Виена е предвидено и присуство на еврокомесарот Јоханес Хан и на амбасадорите на ЕУ и на САД во Македонија, Аиво Орав и Џес Бејли.