Главна секција Лидерска средба денеска во 13 часот

Лидерска средба денеска во 13 часот

Лидерска средба, на која треба да се направи пресек дали има услови за одржување избори и што од договорот од 20 јули е досега спроведено, би требало да се одржи денеска во 13 часот, дознава „Мета“ од извори од СДСМ.

Политичките партии потписнички на Договорот од Пржино не ги исполнија сите рокови предвидени со договорот што го постигнаа на 20 јули, пред одржувањето на лидерската средба на која треба да се одреди датумот за одржување на предвремените парламентарни избори.

Договорот заглави кај формирањето на ад хок телото за регулација на медиумите во предизборниот период, чие комплетирање требаше да заврши пред седум дена, односно на 24 август. Четворицата претставници на двете партии веќе неколку дена не можат да постигнат консензус за избор на петтиот член, кој треба да биде Албанец.

Ако на денешната средба лидерите утврдат дека има услови за избори, СДСМ ќе треба да го каже името на новиот главен уредник на информативната програма на МТВ.