Свет Либија: Нападнато наоѓалиште за нафта

Либија: Нападнато наоѓалиште за нафта

Вооружени милитанти го нападнаа либиското наоѓалиште на нафта Ал-Мабрук, на околу 170 километри јужно од пристаништето Сирта, при што убија тројца чувари.

Портпаролот на либиската нафтена компанија изјави дека се евакуирани останатите вработени во наоѓалиштето, на кое експлоатација врши францускиот нафтен гигант „Тотал“ и оти никој не е повреден.

Ниту една милитантна група не ја презеде одговорноста за овој напад.