Свет Европа Либија испраќа пратеник во ЕУ поради шверцот на мигранти

Либија испраќа пратеник во ЕУ поради шверцот на мигранти

Либија соопшти дека испратила специјален пратеник да разговара со Европската унија за нејзиниот предлог да ги уништува бродовите на шверцерите на мигранти.

Либија, во изјавата која вчера ја соопшти нејзината мисија во Обединетите нации, вели дека нејзината меѓународно признаена влада ја „потврдува спремноста да ја изврши својата улога во контрола на масовната миграција која однесува илјадници животи“.

На ЕУ ѝ е потребна некој вид согласност од Либија за да може да оперира во територијалните води на оваа земја. Но, со Либија раководат две власти, од кои втората не е меѓународно принзнаена и ја држат исламските борбени формации.

Амбасадорот на Либија во ОН, месецов изјави дека ЕУ не ја консултирала неговата влада за својот план за уништување на пловните објекти на шверцерите на луѓе и оти го отфрлаат ваквиот план.