Свет Балкан Лезбос: Седум мигранти загинаа во судир на брод и на чамец

Лезбос: Седум мигранти загинаа во судир на брод и на чамец

Седум лица загинаа во судир на брод на грчката крајбрежна стража со чамец кој превезувал илегални мигранти во близина на островот Лезбос.

Крајбрежната стража успеала да спаси 31 лице.

Локалните медиуми јавуваат дека четворица од удавените биле малолетни. Преживеаните мигранти се префрлани во болница на Лезбос.