Македонија Левица: Привилегиите на функционерите мора да бидат укинати

Левица: Привилегиите на функционерите мора да бидат укинати

Иницијативниот одбор на Левица им упати новогодишна честитка на пратениците и на функционерите и им порача дека во 2016 година ќе се потруди да ги оневозможи да уживаат во привилегии и во високи плати додека народот тоне во сиромаштија.

„Додека народот се дави во сиромаштија – народните претставници пливаат во лој. И тоа мора да престане. Тука сме да им порачаме на народните претставници дека кога ќе влезе во Собранието, Левица ќе поднесе закон со кој ќе се укинат привилегиите на пратениците и ќе се намалат нивните драстично високи плати од 80.000 денари. Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Миле Јанакиески, со седење дома земаат 100.000 денари од државниот буџет, додека невработените лица земаат 50 проценти од паричниот надомест, со оправдување дека ќе биле дестимулирани да бараат работа. Функционерите, на нивната висока плата, земаат цела сума. Значи, вакви привилегии едноставно мора да бидат укинати, бидејќи граѓаните, без разлика дали се функционери или не, се еднакви пред законот“, рече Здравко Савевски од Левица.