Спорт Лестер Бо Мекејлеб се сели во Валенсија

Лестер Бо Мекејлеб се сели во Валенсија

Лестер Бо Мекејлеб е без клуб откако му заврши договорот со Фенербахче Улкер

Кошаркарскиот клуб Валенсија покажува сериозен интерес за Американецот со македонски пасош, Лестер Бо Мекејлеб и, според шпанските медиуми, договорот би можел да биде потпишан во наредните денови.

Тренерот на Валенсија, Велимир Перасовиќ, е заинтересиран за Мекејлеб откако екипата ја напушти Двајт Бајкс, кој се врати во САД. Валенсија ја забележа првата победа во Евролигата откако во четвртото коло славеше над Лаборач Куча со 79:69.

Лестер Бо Мекејлеб е без клуб откако му заврши договорот со Фенербахче Улкер. Тој изминатиот месец се поврзуваше со трансфер во Галатасарај и во белградски Партизан.