Македонија Ленче Здравкин доби признание од УНХЦР

Ленче Здравкин доби признание од УНХЦР

Ленче Здравкин, една од најактивните хуманитарки во Македонија, доби признание од УНХЦР за помошта што секојдневно им ја пружа на мигрантите. Таа е наречена „жената-ангел“ за бегалците на кои несебично им помага. Ленче има 48 години и живее непосредно до железничката пруга во Велес, а за да им помогне на мигрантите, таа својот дом го има претворено во магацин и во прифатен центар за мигранти.

Одејќи по пругата на пат од Грција, мигрантите застануваа во нејзината куќа каде добиваа прва помош, храна, вода и место за одмор.